Инспектор во Финансиска полиција повикан на распит Обвинителството за гонење организиран криминал откако „киднапираше“ државен правобранител
Инспектор во Управата за финансиска полиција малтретирал и „киднапирал“ државен правобранител, пишуваше Инфомакс пред неколку дена, а за истиот настан веќе е поднесена кривична пријава во Обвинителството за гонење на организиран криминал во Скопје.
Државен правобранител надлежен за Струга и Дебар со иницијали К.Т.С. поднела кривична пријава против Љуљзим Јараши инспектор во финансова полиција за кривично дело „Малтретирање во вршење на службата“.
Со своето однесување Јашари покрај личните навреди кој ги упатил на адреса на правобранителката ја понижил и омаловажил и фунцкијата Државен правобранител.
На инсистирање на инспекторот Јашари, правобранителката прифатила да оствари средба поврзана со предметот за оттуѓување на градежно земјиште во Дебар при што ги посетила просториите на Финансиската полиција во Скопје.
Правобранителката била шокирана откако и бил даден документ од соработничка на Јашари со кој таа се откажува од правото на бранител или толкувач иако претходно не била запознаена дека и се заканува кривичен прогон. Соогласно член 69 од законот за кривична постапка таа мора да биде известена дека се лишува од слобода поради сторено кривично дело.
Сагата за правобранителката не завршила тука па така продолжило малтретирањето од странана на Јашари, психолошка тортура која кулминирала со закани од страна на инспекторот во Финансова полиција кон правобранителката.
И покрај изнесените факти од правобранителот за случајот за кој што бил заинтересиран Јашари, инспекторот и натаму инсистирал дека таа погрешила потенцирајќи и дека била во заблуда кога носела одлука за предмет поврзан со оттуѓување на земјиште во Дебар. Потоа инспекторот започнал да констатира дека донесената одлука била под нечие влијание по што следувале закани од страна на Јашари цитат „ќе бидеш колатерална штета“.
Како што дознава Инфомакс по поднесувањето на кривичната пријава од страна на оштетената во Обвинителството за гонење на организиран криминал, Јашари веќе бил повикан во обвинителствтото на распит да даде исказ во врска со случајот.
Она што е интересно е што овој случај заврши во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Ова упатува дека повеќе лица се инволвирани во овој случај и не се работи за навидум простачко однесување од страна на државен службеник туку за посериозен случај на организиран криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…
Половина од учениците со сите петки не…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
(Видео) Страшно невреме во Франција – двајца…
Најмалку две лица загинаа, а 17 се…
Трамп: Судењето на Нетанјаху треба веднаш да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара двонеделна пауза…