Објавено на:

САД со учество на Зеленски договорија да воведат нови санкци за Русија: Еве за што се работи

t

САД најавија нови санкции против Русија за време на состанокот на лидерите на Г7 преку видео повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Воведени се санкции против три руски телевизиски станици, забрането им е на Американците да даваат сметководствени и консултантски услуги на Русите и санкционирани се раководителите на Газпромбанк, третата по големина руска банка. Ова се први санкции досега против банката која го опслужуваше рускиот гасен гигант. САД и нивните сојузници досега избегнуваа да воведат санкции против Газпромбанк поради страв дека тоа може да доведе до недостиг на гас за купувачите од ЕУ, бидејќи поголемиот дел од Европа купува руски гас преку оваа банка.

Висок функционер на Белата куќа истакна дека потегот не е целосна блокада, туку дека има за цел да сигнализира дека Газпромбанк не е безбедно засолниште.

– Ова е веќе неуспех за Путин и ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на храбрите борби на украинскиот народ и да го слушаме претседателот Зеленски, изјави висок претставник на Белата куќа за новинарите пред состанокот на Г7.

Новите санкции, исто така, ќе наметнат нови извозни контроли против рускиот индустриски сектор и вклучуваат речиси 2.600 визни ограничувања за руски и белоруски службеници. Белата куќа, исто така, соопшти дека Комисијата за нуклеарна регулација ќе ги суспендира дозволите за извоз на специјален нуклеарен материјал во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…