Бранителите бараат да им се почитуваат законските права: Во една болница бараат пари, во една не

t

Да се почитува Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства, бараат од Здружението на воени ветерани „Братство – 2001“ кои денеска во Битола одржаа втор Конгрес. Тие велат дека некои точки од законот не се почитуваат, а досега претрпел неколку измени и дополнувања.

-Во една болница ако отиде не бараат пари, во друга му бараат, има некои кои го почитуваат закоот, некои не. Сакаме да се подобри состојбата за семејствата да има поголема одговорност, да води за нив грижа, изјави Ангел Бубевски, претседател на здружението.

Велат дека ги снемува правата на воените ветерани.

-Ни даваат услов на на секои 2 години да правиме нови лекарски прегледи да ни се покаќи инвалиднината, ние бараме просто на секои 6 месеци да се покачува за 5%. Јас сум воен инвалид од 2001, правата наши се симнати на нула со споменикот во липково Дигнаа 20 и кусур метра споменик на тие што ја тероризираа државата, а не на тие што ја бранеа. И тој збор бранители не знам од каде испадна, ние бевме борци, не бранители. Ние не се браневме, вели Слободан Петковски, член на Управен одбор на Здружението.

Бараат да бидат вметнати како воени ветерани оние кои биле учесници, а не се воени инвалиди. А веќе имале поднесено барања кои можат да се спроведат на локално ниво.

-Имаме реакција од општините како ќе знаат кои се бранители. Стрикно е регулирано со законот од 2002 може да се издаде уверенија само на оној кој учествува во конфликтот 2001, уверението го издава министерство за одбрана и полицијата, вели Владо Томевски, потпретседател на Здружението.

Здружението има 4000 членови од цела Македонија и сите се со издадени уверенија. Исто така велат дека ќе се изборат за сите ветарани да земаат боречка пензија. Меѓу барањата се и децата на воените ветерани да не плажаат партицијапција за на факултет, како и градскиот превоз да биде бесплатен.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов бесен: ДРЖАВАТА КОЈА ЈА БРАНЕВМЕ ОСУДИ…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…

Се преименуваат четири улици во Берово: Ќе…

Во Берово преименувани четири улици кои во…

(Видео) Нов скандал! Ова се пратениците на…

Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ги оставија на…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ги оставија бранителите…

(Видео) Бранителите да се борат храбро за…

Надица Мирчовска, бранител од 2001 година и…