Објавено на:

Зеленски: Русија ќе загуби затоа што злото секогаш губи

t

Во пресрет на Денот на победата, претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека Русија „заборавила на сè што им било важно на победниците во Втората светска војна“.

Тој нагласи дека целиот слободен свет може да види дека Украина е „страната на доброто во оваа војна“, а Русија „ќе изгуби затоа што злото секогаш губи“.

Како што пренесува Би-Би-Си, западните лидери, исто така, го искористија Денот на победата за уште еднаш да ги осудат акциите на Русија во Украина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој беше во посета на Украина изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „оди против вредностите за кои толку многу луѓе се бореа и загинаа“.

И лидерите на Г7 рекоа дека постапките на Путин донеле „срам за Русија и историските жртви на нејзиниот народ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип: Сообраќајот…

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна несреќа…

Груевски: Хронолошки случувања на Велики Петок и…

ХРОНОЛОШКИ СЛУЧУВАЊА НА ВЕЛИКИ ПЕТОК И ПРЕВЕЗОТ…

(Видео) Голем пожар во Берлин: Затворени врати…

Берлинската противпожарна бригада ја предупреди јавноста за…

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во…

На Денот на слободата на медиумите, американската…

Станиците за технички преглед со речиси тројно…

Континуиран е растот на добивките на станиците…