Уапсени се претседателот на Стопанскиот суд и уште десетина лица во Црна Гора
Јованиќ е осомничен дека бил организатор на криминална група која во претходните години со злоупотреба на службената положба и други кривични дела ја оштетила државата за десетици милиони евра.
Припадници на Специјалната полиција го уапсија претседателот на Стопанскиот суд Блажо Јованиќ, поради постоење основано сомнение дека организаторот на криминална група која во претходните години ја оштетила државата за десетици милиони евра со злоупотреба на службената положба и др. злосторства, дознава телевизијата Вијести.
Покрај Јованиќ, во акцијата спроведена по наредба на главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ, уапсени се уште десетина лица од повеќе црногорски градови.
Претресите во просториите на Стопанскиот суд почнаа рано утринава и, како што веродостојно дознава ТВ Вијести, присуствувал и самиот Јованиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…