Русија „засекогаш“ ќе остане во јужна Украина, рече висок руски функционер
Висок функционер од рускиот парламент во петокот изјави дека Русија ќе остане во јужна Украина „засекогаш“, зборувајќи при посетата на градот Херсон, кој е под контрола на Москва.
„Русија е тука засекогаш. Не треба да се има сомнеж во ова. Нема да има враќање во минатото“, рече Андреј Турчак, според соопштението на владејачката партија Единствена Русија, пренесе Москва тајмс.
„Ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓето што живеат овде“, додаде Турчак.
Турчак најави и отворање центар за хуманитарна помош во Херсон, за испорака на храна, лекови и неопходни работи.
Ова е првпат висок руски функционер да ги посочи намерите на Москва да остане присутна на украинска територија.
Херсон беше првиот голем град што падна во рацете на руските сили по почетокот на нивната воена операција во Украина на 24 февруари.
Минатиот месец руската армија соопшти дека ја презела контролата врз јужниот пристаништен град Мариупол, на брегот на Азовско Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…
Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…
Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…
Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…
Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…