Објавено на:

Руши рекорди: Повеќе од 14.000 посетители во скопската Зоолошка градина за еден викенд

t

Градот Скопје преку официјалната Фејсбук страна соопшти одлична вест. Скопската Зоолошка градина изминатиот викенд имала повеќе од 14.000 посетители, а како што соопштуваат од Градот, Зоолошката останува една од најпосетените локации во Скопје.

“Над 14.000 посетители во Зоолошката градина изминатиов викенд

Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имавме рекордна посетеност од над 14.000 посетители.

Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина“ во континуитет работат на подобрување на просторните услови на живеалиштата, а рекордната посетеност е уште еден поттик за продолжување на активностите за поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните.

Апелираме до посетителите на Зоолошката градина на совесно однесување, со што вработените ќе можат полесно да ги реализираат нивните работни обврски и мисија – едукација, чиста и средена зоолошка и најголема грижа и љубов за животните.” – стои во Фејбук статусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…