(Видео) Митовски: Бугарија ќе продолжи со блокадата се додека имаме Влада која нема кредибилитет
Во денешното гостување во “Што не е јасно”, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски истакна дека блокадите со Бугарија ќе продолжат додека во Македонија има Влада која нема кредибилитет.
“Бугарија ќе продолжи со блокадата се додека имаме влада која нема кредибилитет, која е слаба внатре, нема авторитет ниту интегритет. Имаме власт во Македонија која е согласно секоја статистика најкорумпирана власт досега, ја читавме амбасадорката на САД која кажа дека 8% од граѓаните веруваат во судството.
Реториката на Радев е поради политичката ситуација.
Став и на Пендаровски и на Мицкоски е дека треба да бараме гаранции пред да ги впишеме Бугарите во Уставот, Ковачевски тактизира но моето мислење е дека нема потреба од тактизирање, а и неговата позиција ќе биде посилна ако ја прифати лидерската средба понудена од Мицкоски.
Не е единствено барање на опозицијата да има предвремени избори, опозицијата бара средба со Владата за да се дефинираат црвени линии за односите со Бугарија, а потоа економски тим на опозицијата да се вклучи во решавање на економската криза. Последно е барањето за предвремени избори. Ковачевски момже да каже се ова важи, избори не може, а тоа може да го оправда со последните анкети.” – истакна Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…