Ковачевски: Признавањето на МПЦ значи дека најголемиот чекор е сега завршен

t

Според премиерот Ковачевски, одлуката на Вселенската Патријаршија да ја признае нашата црква како канонска е најважниот и најголемиот чекор кој сега е завршен.

Нашата православна црква, вели Ковачевски, сега е во заедница со сите православни цркви и денешниот ден е историски бидејќи завршува седумдецениската изолација.

„Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што нè признава под име Охридска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија“, вели Ковачевски.

Тој во објавата на Светиот Синод на Македонската православна црква и на православните христијани им честита за убавата вест, а до Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј упати голема благодарност.

Со оваа одлука, според Ковачевски, Вартоломеј и Вселенската Патријаршија покажале голема грижа и потврдиле дека стојат на историската мисија и одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бигорскиот манастир повиква на разум и зачувување…

Откако поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан го…

(Фото+видео) „Глас за дедо Партениј“ – Голем…

Голем број на верници денеска спротестираа против…

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во…

Во храмовите на Македонската православна црква –…

МПЦ-ОА со сочувство до семејствата на загинатите…

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква…

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на…

Епископ Хераклејски г. Климент е новиот портпарол…