Паѓаат цените на нафтата на светските берзи: Утрово барел 104 долари, вчера беше 112

t

Пазарот на нафта од утрово бележи пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 104 долари, за разлика од вчера кога цената беше 112 долари за барел. Цената на барел нафта на американскиот пазар изнесува 102 долари за барел, што е исто така значително намалување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 110 долари за барел.

Пазарот на криптовалути и утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 31.727 долари, што е намалување за околу 5% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во „црвено“.

Цените на житарките од утрово паѓаат. Цената на пченицата од утрово изнесува 1.092 долари за тон, што е намалување за околу 1 процент во однос на вчера. Цената на пченката е 772 долари, што е исто така пад од околу 1 процент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со локални врнежи од дожд.…

Напад со моторна пила во Лакавица, па…

Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…

Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…

НАТО ќе го брани секој сантиметар од…

Речиси сите летови во Белгија се откажани…

Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…