Објавено на:

Од 1 јануари 2024 година во Бугарија во официјална употреба влегува еврото

t

Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска изјави дека владејачката коалиција постигнала договор за Националниот план за воведување на еврото, јави дописникот на МИА од Софија.

На речиси тричасовниот експретски совет, свикан од министерот Асен Василев, тие се договориле датумот за официјален почеток на употребата на еврото во Бугарија да остане 1 јануари 2024 година, а за планот да почне да расправа Народното собрание на Бугарија.

Лорер кажа дека првиот чекор е планот да биде усогласен на ниво на коалициски совет, по што ќе треба да биде поднесен во парламентот.

-Но, нема да има дебата за датумот на почетокот на употребата на еврото во Бугарија, тоа го прифати и претходната влада, така што се движиме по утврдените датуми, рече Лорер.

Тој ги повика сите пратеници во бугарскиот Парламент и нивните коалициски партнери да покажат исклучителна одговорност за овој процес за да може да се одвива што е можно побрзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…