ФФМ ја казни Шкендија за нападот на фудбалерот од Шкупи
Како одговор на инцидентите што се случија на неделниот натпревар против Шкупи, Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го суспендираше теренот во Тетово, а домаќинот Шкендија го предаде на Дисциплинската комисија, која дополнително ќе одлучи за санкциите кон тетовскиот клуб.
Постапката против Шкендија е поведена пред Дисциплинската комисија на ФФМ поради сериозни пропусти во организација на натпреварот против Шкупи одигран во неделата на градскиот стадион во Тетово.
Дуелот го одбележаа голем број инциденти пред и за време на натпреварот, при што беа повредени најмалку двајца фудбалери на гостинскиот тим, како и еден од помошниците на главниот судија Александар Ставрев.
Фудбалер на Шкупи беше повреден пред тетовскиот стадион, додека негов соиграч, како и еден од судиските помошници беа погодени со камења фрлени од трибините на кои не беше дозволено присуство на гостински навивачи.
На натпреварот дојде и до физичка пресметка меѓу играчи и дел од клупскиот персонал на двете страни, додека фудбалер на Шкупи беше расистички навредуван од трибините. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шкендија го совлада Вардар во Скопје
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…
ФФМ со жесток одговор до Шкендија: Правилата…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение…
Македонија поразена со 4:0, Турција доминираше од…
Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз…
Зајкова за навивачите на Шкендија: Исвиркување на…
Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова…
Шкендија се правда: Не одбивме медали, поради…
Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација…