Сотировски: Молкот од СПЦ за признавањето на МПЦ е позитивен

t

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски вели дека мора да сфатиме дека како црква поминуваме низ тежок период сами.

-Не треба да се обевременуваме во какви проблеми е целата православна егумена. За јавноста е јасно дека ние имаме еден од најголемите прекини на меѓусебното општење во историјата на христијанството. Во ваков контекст кога имаме целосно поларизирани центри во православието, ние успеваме да добиеме голема премија.

Не треба да не загрижува кој во периодот што следи ќе богослужби со нас. Ние имаме јасно трасиран пат кој ќе води кон конечното решение. Се надевам после тоа никој нема да ни го спори статусот, ниту ќе има причина да не општи со нас. Моите информации говорат дека во следниот месец и половина имаме идеални шанси да дојде до првото сослужување на двата поглавари, на Вселенската патријаршија и поглаварот на МПЦ-ОА.

Во контекст на СПЦ, ова не изненадува. Молкот од таму е позитивен молк. Се уште немаме импулсивна реакција од Белград, што може да се толкува дека ќе биде препознаен моментот од таа страна во кој што се наоѓаме сите. Црквата е добро што разговара со СПЦ. Апсолутно сега имаме партнери и мораме да го добиеме конечното решение, вели Сотировски во емисијата „Топ тема“, говорејќи за прогласувањето на МПЦ-ОА за канонска од страна на Вселенската патријаршија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија,…

Денеска се празнува Свети Григориј Двоеслов, папа…

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа…

Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…

Денеска се празнува Светиот апостол Онисим

Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб…

Денеска се празнува Свети Кирил, учител словенски

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето…