Oчекуваа Tомос но добија препорака за преговори со „мајката црква“: Стоиљковиќ тврди дека името на МПЦ е дефинитивно загубено

t

Иван Стоиљковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), во изјавата за белградскиот весник „Новости“, вели дека одлуката на патријархот Вартоломеј предивикала двојни реакции.

– Едни слават бидејќи во одлуката на цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Од друга страна, со внимателно читање на одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е дефинитивно отфрлена. Многумина очекуваа томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со „мајката црква“, односно со Српската патријаршија – вели Стоиљковиќ.

„Новости“ пишуваат дека Стоиљковиќ потсетува дека и натаму останува отворено прашањето на регистрацијата на Православната охридска архиепископија која дејствува во канонско единство во СПЦ и дека и натаму постои кршење на правата на српскиот народ во Македонија.

– Toа e важно прашање, но со години нема ниту мал напредок во решавање на овој проблем – исктакна пратеникот Иван Стоиљковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД најавуваат нова „црна листа“ за Западен…

Соединетите Американски Држави најавуваат подготовка на нова…

Муцунски во одбрана на политиките на Трамп:…

Издвојувањето на 5 отсто од буџетот за…

Има ли кривична одговорност кај директорката на…

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори на прашањето…

Малолетник избоде врсник среде Скопје – расправијата…

Скопје, 27 јуни – Сериозен инцидент го…

Два месеца се анализира телефонот на осомничената…

Релевантни институции и истражители од Обвинителството за…