Објавено на:

Србија донесе нова одлука за житoтo

t

Владата на Србија усвои изменета Одлука за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението.

Со тоа се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечна основа за одредени земјоделско-прехранбени производи.

„Понудата на брашно и пченица на домашниот пазар е добра и слободниот извоз на брашно не може да ја загрози понудата на домашниот пазар, а овозможува истоварување на силоси за прием на нов вид пред жетвата, како и зачувување на традиционалните пазари, имајќи предвид дека Србија е традиционален извозник на брашно на пазарите на земјите од регионот“, соопшти Владата.

„Имајќи ги предвид доволните расположливи количини брашно и пченица, слободниот извоз на брашно предложен со оваа одлука ќе има повеќекратно позитивно економско влијание на домашниот пазар, ќе доведе до поголемо вработување на домашните преработувачки капацитети и ќе им овозможи на мелниците да акумулираат финансиски средства неопходни за откуп на новиот род и жетвата“, се наведува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…

Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…

Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…

Во пожар кој избувнал вчера во селото…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…