Бектеши дециден: Ниту сме плаќале, ниту ќе плаќаме гас во руски рубљи
Македонија не го плаќа со руски рубљи гасот што го добива од „Газпром“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата за надворешна политика „Светот и ние“ на БНТ, јави дописникот на МИА од Софија.
Бектеши наведе дека Македонија за гасот плаќа со евра, посочувајќи дека ниту едно плаќање од страна на властите во Скопје не е направено со руски рубљи, туку со евра, а во некои од случаите трговците плаќале со долари. – Република Македонија во целост ги поддржува решенијата на Европската Унија и на Европската комисија, бидејќи единствената цел е започнување на преговири со ЕУ за пристапување и поради тоа одлуките поврзани со руската воена инвазија во Украина, Македонија ги прифаќа и исполнува, потенцираше Бектеши.
Министерот посочи дека Македонија нема големи трговски размени со Русија и оти трговијата меѓу Скопје и Москва е 1.5 проценти, речиси колку што е и со Украина.
– Сепак војната во Украина влијае врз македонската економија, бидејќи земјата е обврзана со европските пазари. Ценовните шокови во сферата на прехранбената индустрија и енергетика се одразуваат врз македонската економија. Ќе продолжиме со дополнителни мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните на Македонија, рече Бектеши. Тој потсети дека Скопје покажал интерес за градењето на уште гасовод конектор меѓу Бугарија и Македонија (Петрич-Струмица).
Двете држави, како што рече Бектеши, можат заедно да конкурираат за заедничко финансирање од европските фондови. – Македонија сака да ги продлабочи своите енергетски врски и со Република Бугарија и со Република Грција со цел да обезбеди обезбеди диверзификација на изворите на енергија, посочи Бектеши.
Извор: Опсервер
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…
Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…
Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…