Осудените за “Диво насеље” го прекинале штрајкот со глад? Директорот на затворот не знае дека се’ уште штрајкуваат
Осудените за Кумановскиот случај, без разлика на кривичното дело и неговата тежина, според КЗ на Македонија, во оваа фаза од процесот, имаат право да користат слободни викенди и семејни посети, вели еден од адвокатите на случајот, Ибрахим Бајрами. Дури, според него, тие имаат право да поднесат барање за другиот дел од казната да бидат условно ослободени.
Адвокатот Бајрами тврди дека сите барања на затворениците кои штрајкуваат со глад, држат вода, но поради недостигот на волја од надлежните органи за да им одговори позитивно, тие се уште “висат“.
Во тој правец, ТВ21 контактираше и со заменик директорот на затворот Садуш Арифи кој рече дека се уште нема одговор од директорот на Управата за спроведување санкции, од кого според него зависи и одговорот на барањата на затворениците.
Контактиравме и со директорот за спроведување санкции, Марјан Спасовски од кого побаравме изјава во врска со текот на случајот. Директорот не само што не прифати да даде изјава со образложение дека нема информации, туку тој воопшто и не знаеше дека затворениците се уште штрајкуваат.
Инаку, од заменик директорот на затворот ТВ 21 дознава дека затворениците се уште штрајкуваат со глад, а како што кажа тој, нивната здравствена состојба е стабилна.