Објавено на:

Градот Скопје распиша Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња

t

Град Скопје објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје

Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.

Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:

– 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози

– 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

Рокот за пријавување е до 17.05.2022 година.

Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот www.skopje.gov.mk/media/8536/јавен-повик-за-избор-на-членови-на-комисија-mkd.pdf

Лицата заинтересирани за аплицирање, прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…