Нема договор: СОНК и МОН закажаа нова средба

t

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија.

Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и оедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.

Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…

МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…

Министерството за образование и наука информира дека…

„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…

Пред Министерството за образование на Србија се…

МОН дава финансиска поддршка за студирање на…

Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…

Упад во системот на електронскиот дневник, кој…