Азири: Со една ИЕ ќе има 30 партии во Собрание, нестабилно мнозинство и избори на секои шест месеци

t

Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска е еден од трите соговорници во „Клик Плус“ на ТВ21. Азири претходно кажа дека е против една изборна единица, и дека мора да има осум.

Азири образложи дека една изборна единица ќе придонесе за нестабилно мнозинство, и дека ќе има 30 политички партии по еден пратеник во Собранието, а со тоа опасност од избори на секои шест месеци.

„Еве уште еден голем недостаток на една изборна единица. Трајанов е еден пратеник, претпоставуваме дека Владата се сочинува со 61 пратеник. И ќе каже колегата ако не го гласате ова, јас ја напуштам Владата. Што ќе биде со стабилноста во Собранието и со мнозинството? Имаме и така нестабилни мнозинства во последните години. Замислете кгоа ќе имаме 30 политички партии со еден пратеник во Собранието. И што ќе правиме тогаш? Секои шест месеци ќе треба да имаме избори. Затоа имаме предлог на отворени листи. Освен партијата ќе се гласа и за личноста. Ние мора дијаспората да ја вклучиме во изборните процеси. Имаме одлични примери во Хрватска и Косово, треба да и овозможиме на дијаспората да гласа, или преку пошта, или преку нашите дипломатски претставништва“, рече Азири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ