Најдобро сочуваниот скелет на диносаурус продаден за 2,4 милиони долари!

t

Скелетот на диносаурус дејнонихус наречен „Хектор“, е продаден на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во САД вчера за 12,4 милиони долари. Според нивната интернет-страница, коските на Хектор се подобро сочувани од која било друга единка од овој вид пронајдена досега.

Според наводите, ова е единствениот скелет на „дејнонихус“, којшто отсега ќе биде во приватна сопственост. Називот на овој диносаурус му е даден поради неговите големи канџи, од страна на палеонтологот Џон Остром во 1969 година.

Дејнонихусите живееле во подрачјето на Северна Америка пред околу 115 милиони години. Тие биле грабливци, а нивната способност да стојат на две нозе ги направила пофлексибилни при ловот. Се смета дека овој вид, во еволутивна смисла, е поблизок до денешните птици отколку до влекачите.

Скелетот на Хектор е пронајден и ископуван од 2012 до 2014 година во американската сојузна држава Монтана. Според податоците на „Кристи“, дејнонихусот бил висок над три метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдобро сочуваниот скелет на диносаурус продаден за…

Скелетот на диносаурус дејнонихус наречен „Хектор“, е…