(Видео) „Султанот“ го шокираше НАТО: Не сме за членство на Шведска и Финска во Алијасната

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека не е можно Турција, членката на НАТО, позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за приклучување кон пактот, велејќи дека двете земји се „дом на многу терористички организации“.

Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО, објавен во четвртокот, и очекувањата дека Шведска ќе го следи, ќе доведат до проширување на западната воена алијанса што рускиот претседател Владимир Путин има за цел да го спречи.

Ердоган ја наведе загриженоста за активностите во двете земји кои ги поддржуваат сепаратистичките курдски милитанти кои со децении се борат за автономија во југоисточниот дел на Турција.

Секое проширување на НАТО бара едногласно одобрение од членките на алијансата. Турција е членка на НАТО од 1952 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка несреќа на патот Штип-Кочани, едно лице…

Триесет и девет годишен возач загина во…

За изборите на 8 мај повеќе избирачи…

На 8 мај, на вториот круг од…

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра…

Охридската гимназија, цела година е со раскопан…

Последен ден од кампањата – на полноќ…

Ова е последен ден од кампањата за…