Интерес за вакцинација против Ковид-19 нема ама властите ќе набавуваат половина милион дози
Доцнат детските вакцини против Ковид кои требаше да стигнат до април. Се уште не се знае дали и кога ќе бидат испорачани планираните 10.000 дози Фајзер за деца од 5 до 11 години. Тие се дел од половина милион вакцини кои лани ги резервираше државата од овој производител. Неофицијално здравствените власти планираат да ја преполоват количината и да купат околу 200.000, но не се откажуваат од педијатриските дози.
Во меѓувреме во државата има 380.000 вакцини Фајзер. Поголемиот дел имаат краен рок до август, а на дел рокот им истекува на крајот на мај и јуни.
– Со цел континуирано и навремено обезбедување доволно количини вакцини и да не дојде до недостиг од истите, како и следејќи го интересот за вакцинација во процес сме на обезбедување дополнителни количини вакцини за деца и за возрасни, согласно проценките за потребите од страна на стручните лица, одговорија од министерството за здравство.
Инаку досега се уништени 67 илјади вакцини против Ковид со поминат рок, а во постапка за уништување се уште десетици илјади дози.
Со намалувањето на бројот на новозаразени и со укинување на ковид мерките значително падна интересот за вакцинација. Според податоците од ИЈЗ минатат недела прва доза примиле само 65 граѓани.
Извор: Сител
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…
Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…
Во текот на месец јули, пријавени се…