Објавено на:

Грузија нема да ги признае резултатите од референдумот во Јужна Осетија

t

Грузија нема да ги признае резултатите од референдумот во Јужна Осетија за соединување на отцепениот регион кон Русија, изјави денеска претседателот на грузиската владејачка партија Грузиски сон – Демократска Грузија, Иракли Кобахинѕе.

– Имаме своја јасна политика и став. Секако нема да признаеме ниту една друга власт во Јужна Осетија, ниту резултати од избори и референдум за пристапување на Јужна Осетија во Руската Федерација, посочи Кобахинѕе.

Властите на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија вчера соопштија дека на 17 јули ќе одржи референдум за соединување кон Русија.

Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Русија во 2008 година ја призна независноста на Абхазија и на Јужна Осетија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го суспендираше процесот на интеграција на…

Процесот на интеграција на Грузија во Европската…

(Видео) СТАДИОНОТ ЕРУПТИРАШЕ по голот на турскиот…

Во тек е натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија…

(Видео) Пороен дожд и тепачка на трибините во…

Денеска на стадионот во Дортмунд се игра…

(Видео) Тепачка во грузискиот парламент

Во Парламентот на Грузија дошло до тепачка…

Грузија влезе во финале со песна на…

Синоќа, во арената во Малме ечеа песните…