Избегнете ги овие делови од Скопје, денес има посебен режим на сообраќај
Поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв“ денеска ќе има посебен сообраќаен режим по улиците во Скопје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, велосипедската трка ќе почне во 09:45 часот од Музејот на град Скопје – улица „Св. Кирил и Методиј“ и ќе продолжи по булеварот „Св. Климент Охридски“, булеварот „Мајка Тереза“, улицата „Тодор Александров“, локален пат за Средно Водно до „Милениумскиот крст“.
Планинарите стартуваат во 10 часот, а трасата на движење почнува пред основното училиште „Кочо Рацин“ по улицата „Тодор Александров“ и улицата „Салвадор Аљенде“, ридско пешачките патеки кон Средно Водно до „Милениумскиот крст“.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…