Петков: Долгорочно гледано Македонија треба да биде дел од ЕУ
Долгорочно гледано Македонија треба да биде дел од Европската унија и мора да се заштитат правата на Бугарите во земјата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за софиската Нова ТВ.
– Затоа мора да се надмине политичката реторика и да се работи, нагласи Петков, додавајќи дека бугарското вето за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде повлечено тогаш кога ќе биде „завршена работата”.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо” без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.
– Целосно ќе се бара заштита на бугарскиот интерес, додава Петков.
Во изјавата, Петков вели дека во Бугарија има обиди „да се продаде идејата за отстапување или неотстапување” од бугарската позиција кон Македонија, но дека вистината е оти долгорочно Македонија треба да е дел од Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…