Бајден разочаран од масакрот во Бафало: Омразата е дамка на душата на Америка
Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди „омразата која е дамка на душата на Америка”, ден по расистичкиот масакр во кој загинаа десет луѓе во Бафало, Њујорк.
„Напаѓачот кој дејствуваше сам и беше опремен со воено оружје, со душа полна со омраза, ладнокрвно уби десет невини луѓе”, рече американскиот претседател во Вашингтон, на комеморацијата на полицајците убиени додека ги извршуваа своите должности.
Тој додаде дека мора да се работи за да се потисне омразата што ја валка душата на Америка.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам”.
Напаѓачот, 18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци.
Напаѓачот, кој и се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата, возел со часови.
Американските медиуми објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…
Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…
Бајден повторно фатен како чита одговори на…
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…
Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…
Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…
Бајден вети 200 милиони долари за Украина…
Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…