Објавено на:

Вучиќ го шокираше Балканот: Големи се шансите да се случи нуклеарна војна – не чека пеколна зима!

t

Во изјава за ТВ Прва, претседателот на Србија Александар Вучиќ на прашањето дали е дополнително загрижен за состојбите во светот, рече дека двете страни по секоја цена сакаат да ја победат другата страна во Украина.

– Разбрав се. Покер се игра во глава. Никој не сака мир, секој сака пораз од другата страна. Ќе трае долго и ќе има се поголем конфликт од денешниот – изјави Вучиќ.

За него особено внимание се зборовите на кинескиот претседател Си, кој ја предупреди Европа дека мора да се грижи за сопствената безбедност бидејќи оваа мала, ограничена криза во Украина може да стане главен извор на глобални поделби и глобални конфликти.

– Очекувам наесен поголеми конфликти, многу поголеми, затоа очекувам пеколна зима и за нас и за сите останати. Затоа што гледам дека нема доволно сериозност и одговорност – изјави претседателот на Србија.

Запрашан дали се плаши од нуклеарен конфликт, тој рече дека можноста е многу реална.

– И тоа е се што можам да ти кажам. Мислам дека има поголема можност тоа да се случи, отколку да не се случи – изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане…

Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на…

Екс градоначалникот на Ѓорче, Наумоски, доби кривична…

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава…

Српски државјанин скршил стакло на аеродромот во…

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот…

Taкер Карслон по Путин имаше интервју со…

Американскиот новинар Такер Карлсон објави 20-минутно интервју…

Пекинг вели дека Хамас и Фатах изразиле…

Ривалските палестински движења Хамас и Фатах изразија…