СОНК и МОН оптимисти дека утре ќе се постигне договор

t

И СОНК и министерот за образование оптимисти дека утре ќе постигнат договор. Пред истекот на вторите 10 дена рок за помирување со посредство на медијатор кои завршуваат во среда и двете страни очекуваат на утрешниот состанок да се најде решение со кое никој нема да биде оштетен и се надеваат дека штрајкот нема повторно да биде активиран.

-И денеска имавме отворен состанок со претставници на СОНК, а утре повторно ќе имаме состанок со помирувачот и мислам дека се доближуваме со мислењата, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

-Очекуваме позитивен крај на ова долготрајно преговарање и да биде во интерес на сите и преговорите да завршат како што треба и никој да не биде оштетен и сите да бидат задоволни од преговорите, изјави Лена Спасеновска Поповска, регионален претседател на СОНК.

За колкав процент ќе бидат зголемени платите не откриваат ниту од образование, ниту од СОНК. Министерот за образование кратко одговори дека ќе најдат начин да се стигне до 18 проценти, колку што бара синдикатот. На вработените пак во градинките за април ќе им бидат платени само придонеси.

-Но ќе бараме решение за со мајската и јунската плата да им бидат исплатени опдносно надоместени деновите во кои имаше штрајк, изјави Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

За дилемата дали учебната година за основците ќе заврши на 10 јуни, министерот за образование се надева дека нема да има продолжување, но се уште немаат фицијални препораки од Бирото за развој на образованието. Една од опциите е испуштените материјали за време на тринеделниот штрајк учениците од 1 до 8 одделение да ги надополнат на почетокот на идната учебна година која треба да почне на 1 септември.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…

Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија…

Овој месец стотици студенти во државата останаа…

МОН воведе четбот за користење на електронскиот…

Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…

МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од…

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше…

Левица: Министерството за образование како селска крчма

Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…