Орбан: Пред нас е деценија со многу опасности и војни
Унгарскиот парламент денеска го потврдил новиот мандат на премиерот Виктор Орбан, лидер на партијата Фидес, кој земјата ја води од 2010-та година.
Орбан бил избран со 133 гласови за, додека 27 пратеници биле против. Положил и заклетва и одржал мрачен говор за иднината на Европа.
„Деценијата која е пред нас ќе биде деценија на опасности, несигурности и војни“, рекол тој и додал дека војната во Украина и европските санкции кои уследиле создале енергетска криза која би можела да доведе до рецесија и стагнација во Европа.
Орбан рекол и дека верува дека ќе се вратат нови епидемии, што дополнително ќе ја продлабочи економската криза и ќе доведе до нови миграции на бегалци од сиромашни во богати земји. Покрај тоа, војната во Украина, рекол Орбан, ќе стане глобална војна, пренесува “MTI”.
„Пред нашите очи се отвора деценија на војни“, рекол Орбан и додал дека “појдовната точна не треба да бидат нашите желби, туку реалноста”.
Ново-стариот премиер истакнал дека негов приоритет ќе биде да избегне вовлекување на Унгарија во руско-украинскиот судир, како и обезбедување на мирот и безбедноста во земјата.
Војната во унгарското соседство ќе биде подолга од очекуваното и ќе вклучува оружје кое ќе биде “тешко да се сфати” и кое ќе претставува постојана закана за безбедноста на земјата. Орбан додал и дека секој кој пратил оружје во Украина со “една нога е веќе во војната”.
„Ние се бориме за мир. Војната уништува, мирот гради. Сакаме моментално примирје, прекин на огнот и мировни преговори. Тоа е нашата позиција“, рекол унгарскиот премиер.
Тој додал дека економски мерки кои би ги уништиле унгарските семејства не се прифатливи и нема да бидат усвоени.
„Брисел ги злоупотребува своите овластувања секојдневно во обид да не натера да донесеме лоши одлуки“, рекол тој и додал дека Унгарија покажала толеранција кога станува збор за мигрантите, родовата политика и нафтеното ембарго, но Брисел тоа го игнорирал.
„Нема да се откажеме од заштитата на нашите граници. Нема да пуштаме мигранти и ќе ги заштитиме нашите семејни вредности и нема да дозволиме родови активисти да влегуваат во нашите училишта“, рекол тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…
Да помогнеме за лекување на 19-годишниот Виктор…
На 19-годишниот Виктор Боневски од Скопје му…
Орбан: Економските проблеми ќе ја сменат позицијата…
Што повеќе економиите во ЕУ стагнираат, толку…
Орбан бара промени во ЕУ, луѓето сакаат…
Дојде време да се замени доминантниот дискурс…