Бислимовски: 17 домаќинства трошат 10% од вкупната потрошувачка на струја, сега ќе плаќаат повеќе

t

Седумнаесет домаќинства во земјава трошат околу 10% од вкупната потрошувачка на струјата за домаќинствата. Точни се податоците. Тоа е некаде околу 30% од производството на ЕСМ од хидроелектраните. Тоа е едната од главните причини за воведување блок тарифи, изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Според него, ќе бидеме прва земја која ќе воведе блок-тарифи исклучиво за важење на скапата струја.

-За време на евтина тарифа нема да има ограничување на потрошувачката. Испраќаме сигнал кој што трошо многу, да си ја рационализира потрошувачката, додаде Бислимовски во Дневникот на ТВ Сител.

Тој смета дека овие домаќинства што трошат многу електрична енергија немаат индустриски капацитет.

-Имаме одредени потрошувачи со потрошувачка на ниво на 40000 киловат часови. За споредба, едно домаќинство во земјава просечно троши 400 киловат часови. Сигурно влијание за овие што трошат многу имаат и биткоините и опремата во нивните домови. Со воведување на блок-тарифите, последниот блок ќе има цена блиска до пазарната, така да ќе испратиме сигнал да си ја намалат потрошувачката и да инвестираат во енергетски ефикасни уреди, информира Бислимовски.

-Тие екстремно што трошат во последната блок-тарифа, ќе плаќаат три до четири пати поголема цена за струја, со цел да ги релаксираме цените на електрична енергија во останатите блокови, особено првиот и вториот блок, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peзил, некои работи не стареат добро –…

Изјавата од ноември Нема да има ценовни…