Бомба од Села: Се копале криптовалути во училишта раководени од ДУИ!

t

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти кои се раководени од кадри на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ).

„Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?“, рече тој.

Села вели дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња, ќе излезе со детали за обвинувањето на прес-конференција.

Лидерот на АА исто така додаде дека за разлика од политичарите од ВМРО-ДПМНЕ експонирани во времето на Никола Груевски, ниту еден член на ДУИ не само што не е осуден за злоупотреби, иако партијата десет години била во власта со ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад на вредноста на криптовалутите денес

Биткоинот падна за 6,12 отсто на 58.346,75…

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на…

Апелациониот суд на Црна Гора ја потврди…

Биткоинот денеска достигна највисоко ниво во последните…

Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација,…

„Кралот на криптовалутите“ ќе биде екстрадиран во…

Одлуката не е правно обврзувачка и адвокатите…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…