Објавено на:

Владата на Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за Украина

t

Владата на Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за Украина во вредност од 400 илјади евра.

„Одговарајќи на барањето на Украина за помош во кризната ситуација предизвикана од руската агресија врз таа земја, Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за пријателска Украина“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за одбрана.

Се истакнува дека Црна Гора, во координација со другите европски партнери и сојузниците во НАТО, ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои се соочува поради руската воена агресија.

Црна Гора претходно се приклучи на сите санкции што ЕУ ги воведе кон Русија, а по проценката на црногорските безбедносни служби протера вкупно 5 руски дипломати кои беа ангажирани во руската амбасада во Подгорица.

Црногорската амбасадорка во Украина Драгица Понорац пред два дена се врати во Киев, каде во последната недела повторно дојдоа амбасадори на неколку други земји, меѓу кои и на Хрватска, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Девојка (19) во Украина се обидела да…

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се…