Нова политика кон Куба, САД ги ублажува мерките од времето кога Доналд Трамп беше претседател
САД информираа за чекори што ќе доведат до промени во политиката кон Куба. Предвидено е ублажување на дел рестриктивни мерки од времето кога Доналд Трамп беше претседател.
Mерките ги означуваат најважните промени во американската политика кон Хавана, откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година. Но, во оваа намера на САД, се изостави значителното подобрување на американско – кубанските односи или „историското поврзување”, што го смисли поранешниот претседател Барак Обама.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс наведе дека мерките, објавени во текот на вчерашниот ден, се со цел „да се поддржи кубанскиот народ, да им се дадат алатки со што ќе можат да создадат живот слободен од репресија на кубанската Влада, но и да бараат подобри економски можности”.
Најавено е и укинување на лимитот на праќање пари од САД на членови од семејство на Куба, што досега изнесуваше 1.000 долари по квартал. Ќе се дозволи и праќање пари на лица, кои не се дел од семејството.
САД нема да ги пречкртаат од црвената листа одредени компании и субјекти, поврзани со кубанската Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…
Некои од највисоките американски воени функционери биле…
Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…
Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…
Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
Холандија повлече 86 тони злато од САД…
Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…