Градоначалничката Арсовска на Отворен ден во СУГС „Димитар Влахов”

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го посети средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов” и штандовите на кои учениците ги презентираа своите стекнати вештини и изработки и го отвори уписот за претстојната учебна година 2022/23 година на Отворениот ден на училиштето.

– Потребата од создавање квалификуван и стручен кадар којшто ќе одговори на барањата компаниите, односно на нивните производствени процеси, го наметнува унапредувањето на ваквите образовни профили, истакна градоначалничката Арсовска.
Во средното училиштето „Димитар Влахов” има три струки, лични услуги, хемиско технолошка и графичка струка, кои се застапени со повеќе профили односно занимања. Профилите што се изучуваат траат две години, три години или четири години.

Училиштето „Димитар Влахов” располага со целосно опремени кабинети и училници за практична настава, кои ги исполнуваат стандардите за реализација на наставата и сите паралелки се дуални, односно имаат успешна соработка со компании, освен турската паралелка со образовен профил фризер.

Во претстојната учебна година 2022/23 година во средното училиште „Димитар Влахов” ќе можат да се запишат основците коишто сакаат да учат за фризери на македонски, албански и турски наставен јазик, техничари за козметичка нега и убавина, естетичари на македонски и албански наставен јазик, графички уредници дизајнери на македонски јазик, прехранбени техничари/ техничари за козметички и хемиски производи на македонски наставен јазик, прехранбени техничари/ техничари за заштита на животната средина на албански јазик и месопреработувачи на македонски јазик.

-Со воведувањето на дуалното образование во образовниот процес во средните училишта, на средношколците им се овозможува да се стекнат и со практични знаења и да бидат веднаш вклучен во производствениот процес и нема да имаат потреба од свое доквалификување, истакна директорката на СУГС ,,Димитар Влахов”, Јасминка Гудоманова.
Градоначалничката Арсовска ги поздрави учениците, ги пофали нивните изработки и истакна дека токму ваквиот тип на образование ќе ги направи учениците попродуктивни и поконкурентни на пазарот на трудот и целосно подготвени да се вклучат во работниот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…