Утврдена делегацијата за стратешки дијалог со САД: Петровска и Костадиновска Стојчевска во неа

t

Владата на Република Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

За координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја предводи делегацијата на Владата на Република Македонија на отворањето на процесот во Вашингтон во чиј состав ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со САД и е од особено значајно во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција, борба против тероризам, па се до справување со организираниот и меѓународен криминал.

Дијалогот ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, соработката на двете земји како НАТО партнери, аспирациите на Македонија за зачленување на ЕУ, претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, нашите заложби во рамки на Самитот за демократија на претседателот Бајден и други теми од интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…

Некои од највисоките американски воени функционери биле…

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…

Белата куќа на својот официјален сајт претстави…

Холандија повлече 86 тони злато од САД…

Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…