Објавено на:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе допатува денеска во прва официјална посета на Косово

t

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе допатува денеска во прва официјална посета на Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи.

По церемонијата на пречек двајцата претседатели ќе имаат билатерална средба, а потоа и обраќање пред медиумите.

Како прв црногорски државник кој ќе престојува во официјална посета на Косово од прогласувањето на неговата независност, Ѓукановиќ во Приштина ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Црногорскиот претседател уште пред два месеци најави дека планира да ја посети соседната држава.

– Јас досега не сум бил во официјална посета на Косово. Ѝ се радувам на оваа посета и сакам на овој начин да придонесеме во нашето меѓусебно разбирање како држави, изјави Ѓукановиќ во март годинава за телевизијата КТВ.

Тој во истото интервју порача дека „преку јакнењето на меѓусебното разбирање ќе расте и квалитетот на соработката меѓу земјите од регионот, што ќе влијае и на зголемувањето на квалитетот на регионалната соработка и стабилност и на европската перспектива на регионот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Вучиќ: Големи се шансите Косово да стане…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна…

Косово наскоро добива Агенција за сајбер безбедност

Се очекува наскоро да почне со работа…