Пак се буричка во Уставот? Пендаровски се сретна со уставните судии од Македонија и Бугарија
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегации на Уставните судови на Република Македонија и на Република Бугарија.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, се разговараше за севкупната соработка меѓу уставните судови на двете држави, при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за нивните иницијативи и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двата суда, потпишан на македонски, на бугарски и на англиски јазик.
На средбата претседателот Пендаровски посочи дека работата на уставното судство е клучно во изградбата на функционална правна држава и заштита на човековите права. На средбата се разговараше и за можноста за воведување на уставна тужба во двете држави, се наведува во соопштението.
Претседателот Пендаровски, како што се наведува во соопштението, истакна дека Бугарија, како држава членка на ЕУ, има искуство во функционирање во сложен правен поредок и оттаму нивното искуство во соработката со Судот на правдата на ЕУ ќе биде од голема корист за евроинтегративниот процес на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…