Шаќири: Голем дел од наставниците го поздравија договорот на СОНК и МОН
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири смета дека е завршен процесот на преговори со СОНК и дека е постигнат конечен договор.
-Ова што го кажувам е дека препораките од помирувачот се прифатени и пред еден час се потпишаа во МОН помеѓу нас и СОНК. Мислам дека секој од наставници и професорите доби со процесот. Добивме во поглед на платите, колективните договори и мислам дека од страната на сите тела и органи во склоп на СОНК ова треба да се прифати. Според моите информации од основните и средните училишта, дел од просветниот кадар го прифатиле и поздравиле склучениот договор, инфорира Шаќири во Дневникот на ТВ Сител.
Според него, сите треба да ја поздравиме одлуката, без разлика дали се власт или опозиција.
-Ако дел од опозицијата не ги прифаќа за ова што е договорено со СОНК, не треба да се гледа така на процесот. Никогаш во процесот на преговори, од страна на Владата, не влеговме за некој да биде изманипулиран. Имавме да направиме усогласување на платите во наредниот период. Во таа спогодба ќе се усогласи тоа што е предвидено да се реализира, рече министерот.