(Видео) Јакимовски: И власт и опозиција да се согласат да стават вето за влез на Финска и Шведска во НАТО ако не добиеме безусловни преговори со ЕУ

t

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во денешната епизода на Тешки муабети истакна дека Македонија би требала да стави вето за влез на Финска и Шведска во НАТО доколку не добие безусловен почеток на преговори за влез во ЕУ.

– Јас би играл обратно, наместо како Владата да поддржам членство на Шведска и Финска во НАТО, би ставил вето. Додека не добиеме датум за преговори нема влез на Финска и Шведска.

Ама за ова треба и власт и опозиција сите да се договорат и да кажат додека не добиеме безусловни преговори со ЕУ нема членство на Финска и Шведска во НАТО.

Ние така на сите им помагаме, а ништо не добиваме за возврат, Косово го признавме, дозволивме прелет на НАТО авиони за да се бомбардира Србија и не поставивме никаков услов.

А за ова треба Ковачевски да повика, да се согласат и власт и опозиција да стават вето во НАТО, истакна Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=768195367683406&notif_id=1652903819829896&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ