Eрдоган дециден: Ги информиравме членките на НАТО за турското „Вето“ за Шведска и Финска
Турција ги информираше членките на НАТО дека ќе каже не за членството на Шведска и Финска изви претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно испрати тешка порака до Шведска и Финска. Како што е познато, двете скандинавски земји сакаат да влезат во НАТО, но Турција се обидува да го спречи тоа на секој можен начин. Иако викендов се чинеше дека има договор, на крајот позициите не се приближија. Во меѓувреме, Финска и Шведска официјално поднесоа барање за приклучување, процедура која беше запрена од турскиот амбасадор во НАТО.
Ердоган на прес-конференција во понеделникот вечерта објави дека Турција не го поддржува пристапувањето на двете скандинавски држави. Според него, Шведска е погодна почва за терористи, па дури и терористи седат во нивниот парламент. Ердоган мислеше на Курдите кои припаѓаат на Курдската работничка партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: За изборот на градоначалник во општина…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14.…
Иранската армија тврди дека ги обновила сите…
Сите вооружени системи што беа оштетени за…
Работник загина откако го удрил авион на…
Работник на аеродромот „Монтреал Трудо“ во Канада…
Инвеститорите губат интерес за грчките „златни визи“…
Речиси половина од важечките дозволи за престој…
Словачка предлага забрана за социјални медиуми за…
Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би…