(Видео) Русија “ги провали” Украинците: Лажат дека собориле руски авион?
Министерството за одбрана на Руската Федерација разоткри уште една лага на украинските власти, пишуваат руските медиуми.
Министерството за одбрана на Русија на својот канал Телеграм објави докази кои ги демантираат тврдењата дека Украинците собориле рускиот авион.
Лажна вест: Украинската воздушна одбрана собори уште еден руски авион! Видеото од наводното уривање го објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко и украинските канали на Телеграм.
Вистина: Овој пат креаторите на лажните вести не се ни обидоа да му дадат барем илузија на автентичност на своето видео, велат од руското МО.

На видеото се гледа како еден авион брка друг, потоа фотографија од лансирањето на ракетата и следната рамка е фотографија од соборениот авион.
Снимката од соборениот авион користен во монтираното видео е на Интернет од 2013 година.
Претходно Антон Герашченко „се прослави“ тврдејќи дека руската армија „краде куќи за кучиња“ и „става гранати во клавири“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…