Поранешен член на ИО на СДСМ: Некои бугарски европратеници “лупаат глупости”
Нема никаква капитулација. Владата и СДСМ немаат намера да прифатат било какви можности за нешто што би било пречка на евроинтеграцискиот пат. Премиерот јасно кажа дека сме за ЕУ, се ќе направиме за да доближеме до процесот на пристапување, но ставаме на знаење дека нема да прифатиме никакви условување или уцени кои што ќе бидат пречка. Тоа што во моментов се случува е всушност ЕУ има проблем и тој мора да го надмине. Ние имаме стратешка определба, но не можеме да исполнуваме било чии желби. Нема да подлегнуваме на провокации, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „24 анализа“.
Според него, не е првпат бугарски европратеници да „лупаат глупости“.
-Сме имале случаи и во минатото и тоа е нешто што кажува за политичката култура на тој што таму ги претставува граѓаните. Не гледаме за значење да реагираме на секоја таква изјава. Пратениците имаат легитимно да кажат се позади собраниската говорница. Од инвидуални изјави не треба да се создава еден негативен амбиент. Носечката личност во Бугарија се однесува коректно и покрај притисоците со кои се соочува, вели Петров за изјавата на бугарскиот европратеник Андреј Слабаков кој денеска од Европскиот парламент изјави дека членството на Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…
(Видео) СДСМ со 180 во своите ставови?…
Поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар…
Андреј Петров и Игор Ивановски-Шема се враќаат…
Високи функционери на СДСМ од времето кога…