Објавено на:

Mакедонец ќе се кандидира за претседател на Албанија!

t

Професор доктор Кимет Фетаху гостувајќи во емисија на албанската национална телевизија АБЦ Њуз, зборуваше за неговата кандидатура за претседател на Република Албанија, како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Фетаху зборуваше и за своето македонско потекло од село Требиште, област Голо Брдо и положбата на Македонците во Албанија, за неговата професионална кариера како универзитетски професор и општественик и за предизвиците со кои се соочува албанското општество.

-Јас сум 40 години професор и сум подготвил една цела армија академски граѓани во Албанија од сите етнички заедници. Продолжувам и понатаму да бидат професор на факултетот за геологија и рударство, да подготвувам нови генерации. Затоа сметам дека нема никаков проблем, јас како Македонец да бидат претседател. Па нели во Македонија потпретседател на Влада е Албанец, изјави професор доктор Фетаху.

Додаде дека поканата на партијата, во која бил секретар, да биде кандидат за претседател на државата, ја смета за чест и високо вреднување, за што е благодарен.

Според него, претседателската функција треба да им се врати на академиците.
-И претходно имаше претседатели универзитетски професори, како Бамир Топи и Реџеп Мејдани. Мислам дека претседателската функција треба да им се врати на академиците, зашто сметам дека треба да се врати социјалниот мир, како на пример урбаниот развој придружен со соодветна инфраструктура, рече Фетаху.
Од МАЕИ велат дека проф. д-р Кимет Фетаху е почитувана личност во Албанија со професионален и личен интегритет, без политички товар и како аполитички кандидат е најсоодветна личност да биде новиот шеф на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бојан Миовски донесе победа за Абердин

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски донесе победа за…

(Видео) Пожар во казино во Охрид

Во казино во Охрид попладнево настанал пожар.…

Вучиќ за кинеската телевизија: Србија ја поддржува…

Србија цврсто се придржува до принципот на…

Интензивирани се напорите да се обезбеди договор…

Се поинтензивни се напорите да се обезбеди…

Османи: На идните генерации не им треба…

Бујар Османи, во својство на претставник на…