Херсон ќе стане дел од Русија, тврди новиот гувернер
Гувернерот на окупираниот Херсон во јужна Украина, назначен од Русија, изјави дека регионот наскоро целосно ќе се интегрира во Русија, јави Би-би-си.
Володимир Салдо, назначен од руските сили откако ја презедоа контролата на областа на почетокот од месец март, напиша на Телеграм дека ќе стане „регионот Херсон на Руската Федерација“.
Неговиот заменик, Кирил Стремоушов напиша оти жителите ќе можат да аплицираат за руско државјанство наредните недели, кога ситуацијата ќе се стабилизира.
Украински официјални лица неколкупати предупредија дека Москва планира лажен референдум за независност во регионот, како и на други места.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно месецов изјави дека, иднината на регионот, зависи од волјата на жителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…