Маричиќ: Пресврт во преговорите со Бугарија беше отварањето на клубот “Ванчо Михајлов”
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вечерашната Топ Тема на Телма во врска со односот на преговорите со Бугарија, смета дека пресвртната точка била отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, после која имало неповолна атмосфера за понатамошни разговори.
-Ние направивме максимум во овој период, наша должност беше да дадеме шанса на овие разговори, и сѐ уште е. Ниту пак некогаш се врзувавме за јуни како пресуден датум, ЕУ беше таа која притисната од геостратешката ситуација почна прва да го комуницира јуни како датум, и високиот претставник Борел, и комесарот Вархеи, и официјално портпаролите на ЕК. Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ и тоа е за нас добро. Меѓутоа ние немаме намера да направиме чекор, ниту да дозволиме да бидеме напаѓани за едно или друго, да направиме чекор кој што ќе ги наруши нашите интереси. Нашите интереси се да ги почнеме преговорите, но не по секоја цена, односно да ги поченме со фер договор којшто нема да задира во нашето достоинство и национален идентитет, вели Маричиќ.
Вицепремиерот смета дека во 21 век не може да се разговара на таков начин.
-По сите тие теми може да се даде разумен одговор доколку има волја од двете страни, за да, од една страна, ние имаме гаранција дека тоа е исцрпената листа на барањата од Бугарија, а од друга страна, тие да имаат гаранција дека тоа што ние ќе го прифатиме и договориме навистина ќе се оствари и ќе се имплементира. Досегашниот проблем беше што ние немавме документ, прифатен од двете страни, врз основа на кој што ќе може да се врши таа имплементација, до сега имавме претежно разговори во коишто Бугарија имаше оппределени очекувања ние да почнеме со имплементација, а ние не можевме да почнеме со имплементација се додека не сме сигурни дека тоа ќе води кон отклонување на ветото. И бевме во една тешка ситуација две години, вели Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…