Објавено на:

ПОЛНИ ВРЕЌИ СО ГРАНАТИ СРЕДЕ ШИПКОВИЦА: Експлозивните средства биле од кинеско и од југословенско производство

t

Вчера околу 11.00 часот во Полициското одделение Попова Шапка било пријавено дека при изведување градежни работи во с.Шипковица, тетовско, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати.

„По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60мм, делумно корозирани. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје експлозивните средства биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство“, наведено е во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Понижени работници…

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Трамп не знае „што по ѓаволите“ прават…

Американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека и…

Зеленски и Трамп ќе се сретнат утре…

Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп…

Богојески доби „шут карта“: Зошто е разрешен,…

Денеска на социјалните мрежи Петар Богојески објави…