Објавено на:

Резерват во Швајцарија нов дом за две мечки од Зоо Скопје (Фото)

t

Двете мечки од скопската зоолошка, отпатуваа во нов живот во резерватот во Швајцарија- Arosa Bearland sanctuary.

-Живеалиштето за мечки во нашата зоолошка е едно од постарите, а мечињата кои живеат тука уште од мали се донесени овде бидејќи останале без мајки поради човечки фактор и недозволен лов. Во недостиг на резерват за мечки во државата, секогаш тимот на ЗОО Скопје пробувале да помогнат на што повеќе мечки, но градината нема доволно простор за сите, велат од Зоо Скопје.

Во живеалиштето за мечките, до средата живееа четири мечки во три посебни делови. Бим и Бум во заеднички дел, а братот и сестрата кои имаат по 18 години во две посебни живеалишта.

-Не беше возможно да се направи реконструкција на живеалиштата, ниту пак редовно да се средуваат поради тоа што немаше начин ниту простор да се спојат сите четири мечиња. Во разговор со нашите соработници од FOUR PAWS, дојдовме до заедничко решение кое е хумано за сите четири мечки-братот и сестрата да заминат во преубавиот Ароса парк, а Бим и Бум да добијат три пати поголем простор и реновирано живеалиште по светски стандарди кое ќе го правиме со експертиза на FOUR PAWS и искуствата од нивните резервати за мечки кои ги имаат низ Европа. Благодарност до оваа најголема светска организација за заштита на животните за прекрасната соработка која ја имавме изминатиот период, бидејќи процесот за транспортот на двете мечки беше подолг, а нивниот и нашиот тим дадоа се од себе мечките безбедно и здрави да пристигнат во Швајцарија. Работевме заедно деноноќно, сите среќни дека четирите мечки ќе имаат подобра иднина и поголема благосостојба, велат од Зоо Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…