Објавено на:

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

t

Војната во Украина е еден од факторите што принуди неколку милиони луѓе да избегаат од своите домови, соопшти УНХЦР, додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго се дополнителните фактори што стојат зад бројката од неколку десетици милиони прислно раселени лица.

-Ова е рекорд што никогаш не требаше да биде поставен, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивните конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат основните причини што ги тераат невините луѓе да ги напуштат своите домови“, навдува тој во изјавата.

Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и раселени во нивните земји.

Минатата недела УНХЦР соопшти дека бројот на внатрешно раселени лица достигнал рекордни 60 милиони до крајот на минатата година.

Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, додавајќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.

-За да се смени овој тренд, единствениот одговор е мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да се коцкаат помеѓу акутна опасност дома или несигурно бегство и прогон, додаде тој

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза…

Израел и Хамас се согласија за првата…

Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…

Израел е способен да постигне каква било…

Генералниот секретар на ОН предупредува: Светот се…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…