Брзо се шири: Данска и Шкотска ги регистрираа првите случаи на мајмунски сипаници
Во Данска е регистриран првиот случај на инфекција со мајмунски сипаници кај возрасен маж кој се вратил од патување во Шпанија, соопшти денеска данското Министерство за здравство.
– Здравствените власти не очекуваат ширење на инфекцијата во Данска, но внимателно ја следиме ситуацијата за да бидеме подготвени за можно ширење на инфекцијата, нагласи министерот за здравство, Магнус Хеунике.
Заболениот моментално се наоѓа во изолација, а надлежните ги следат сите негови блиски контакти, соопшти Министерството.
Шкотска денеска, исто така, го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.
– Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Велика Британија за да го истражиме изворот на инфекцијата, истакна Ник Фин, шкотски здравствен службеник. Тој додаде дека пациентот е примен на лекување и дека се трага по луѓето кои биле во контакт со него. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…
Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…
Во Данска ќе се оди во пензија…
Данска се очекува да има највисока возраст…
Данска ја бојкотира Кока-Кола
Данските потрошувачи ја бојкотираат Кока-Кола поради потезите…
Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на…
Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари…
Татко и син заедно силувале 16-годишна девојка…
Татко и син од Пертшир, Шкотска, се…